Труење со јаглерод-моноксид е причината за смртта на осумте млади кои беа пронајдени мртви во викендица во близина на Посушје, покажала анализата од вештачењето на примероците во Сараево, а кои се потврдени од главниот жупански истражител Јосип Аничиќ.
– По извршената анализа на крвта било утврдено дека кај сите осум лица дошло до интоксикација со јаглероден моноксид со утврдена концентрација во крвта која е смртоносна, потврди Аничиќ.
Во трагедијата која се случи за време на новогодишната ноќ во Посушје, животот го изгубија Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ.
Викендицата во која беа најдени безживотните тела немала електрична енергија, па бил користен агрегат за производство на струја. Од него излегувало плин со кој се претпоставува дека се задушиле четирите момчиња и четирите девојки.