Труење со храна во студентскиот дом „Пелагонија“

by Fokus

Во студентскиот дом „Пелагонија“ имало труење со храна, информираат од Студентски отпор.

Како што велат тие, згрозени се од таквата ситуација и ја следат целата состојба со овој немил настан.

„Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени сме од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники.

Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како тоа што беше фамозниот „ручек со студентите’’ на премиерот?

Студентски отпор будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијaстрого го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат“, велат од Студентски отпор.

Поврзани новости