384
Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди објави дека труење на ученички, од кои ниту една не починала, е регистрирано во најмалку 52 училишта во земјата.
Министерот ја повика јавноста на мир и смиреност и го обвини „непријателскиот медиумски тероризам“ за ширење паника за овој случај, пренесе иранската државна агенција ИРНА.
Агенцијата АП забележува дека иранскиот претседател Ибрахим Раиси најави покренување на истрагата во средата, дури откако случајот со труење на ирански ученички го привлече вниманието на меѓународните медиуми.
Според Би-Би-Си, до сега во Иран се регистрирани најмалку 650 случаи на труење на ученички, од кои, за среќа, ниту една не починала.