649
Над десетина гости, кои присуствувале вчера на свадба во Струга, се затруле од храната и завршиле во болница. Неофицијално причина за труењето била тортата, но нема потврда за оваа информација се додека Агенцијата за храна и ветеринарство не испита примероци од храната.
Гостите синоќа биле примени во болницата во Струга со симптоми на дијареа и повраќање. По лекарскиот преглед биле пуштени на домашно лекување.
Надлежните органи од Центарот за јавно здравје најавија дека ќе го испитаат овој случај.