Труење е веројатната причина за смрт кај мајката и нејзината ќерка во тетовско Слатино

by Fokus

Основното јавно обвинителство Тетово и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете.

Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето.

Кај починатите не се пронајдени траги на насилство.

Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив.

Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.

 

Поврзани новости