Трудов инспекторат: На работници им давале откази или договори за скратено работно време

by fokus

Државниот инспекторат за труд апелира до вработените да не потпишуваат договори или отказни решенија ако не се сигурни што тие значат. Препорака е да се внимава што се потпишува или да се направи консултација со стручни лица.

Директорот на Трудовиот инспекторат Аљадин Хавзиу денеска на прес-конференција во Владата потврди дека до нив се стигнати претставки од работници кои се принудени на потпишат отказни решенија или им се нудат договори за работа со скратено работно време.

– За жал, има неколку такви претставки и се постапува по сите согласно законот. Апелирам вработените да внимаваат што потпишуваат. Може да се јават во Трудовата инспекција во секое време, во секоја подрачна единица. Истакнати се броевите на инспекторите и тие се јавуваат на повик и може да ги консултираат. Вработените да не потпишуваат нешто што не знаат и потоа да има последици по нив, порача Хавзиу.

До Инспекторатот, како што посочи, нема доставено пријави од граѓани дека Агенцијата за вработување не ги регистрира работниците на кои им престанал работниот однос по основ на престанок на важност на договорот за работа.

Поврзани новости