442
Премиерот на Канада, Џастин Трудо изјави денес дека неговата земја ќе воведе нови санкции за Русија и ќе испрати уште четири борбени тенкови Леопард 2 на Украина.
Новите санкции ќе бидат насочени против 129 лица, меѓу кои заменици на премиерот Русија и други државни службеници, како и против 63 субјекти, сподели Трудо пред новинарите, цитиран од Ројтерс.
Канада ќе и помогне на Украина и со оклопно возило за поправка на тенкови, а Киев ќе добие повеќе од 5.000 парчиња муниција од Отава.