467
Канадскиот премиер Џастин Трудо, по денешната ненајавена посета на Киев, истакна дека во Украина ќе биде испратено ново оружје и воена опрема.
По разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трудо на новинарите им рече дека Канада, исто така, ќе воведе нови санкции за руски поединци и компании поради рускиот напад врз Украина.
Тој додаде дека Канада повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев.