Трудо: Америка денеска започна трговска војна против својот најблизок сојузник

by Fokus

Канадскиот премиер Џастин Трудо ги коментираше американските тарифи кои стапија на сила пред неколку часа.

„Денес Соединетите Држави започнаа трговска војна против Канада. Нејзиниот партнер и најблизок сојузник, нивниот најблизок пријател“, рече Трудо.

- Advertisements -

„Канаѓаните се разумни и пристојни, но ние нема да се откажеме од борбата, не кога е во прашање нашата земја и благосостојбата на сите во неа“, најави тој и потврди дека и канадските контратарифи стапиле на сила паралелно со американските тарифи.

„Канада ќе воведе царини од 25 отсто на стоки од САД во вредност од 155 милијарди долари, почнувајќи со царини за стоки во вредност од 30 милијарди долари веднаш, и царини за преостанатите 125 милијарди долари за стоки за 21 ден“, објасни тој.

Тој рече дека Канада планира да ги оспори „незаконските дејствија“ на САД со поднесување барање за решавање спор до Светската трговска организација, предупредувајќи дека Вашингтон го прекршил канадско-американскиот договор за слободна трговија.

Поврзани новости