Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти од несреќата што се случи кај Ласкарци, од кои 15 се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа, а тројца се во критична состојба.
Како што соопшти Министерството за здравство, во Клиничкиот центар во Скопје пак хоспитализирани се 6 пациенти, од кои тројца на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, при што двајца се во стабилна состојба.
„Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од Неврохирургија“, соопшти МЗ.