Труд и социјала врати директорка на градинка која беше сменета од градоначалникот на Гази Баба

by Фокус

Градоначаникот ја разреши, а министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ја врати разрешената директорка на градинка „Детска радост“, за што вчера стигнало решение до Општината.

Денес, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски одржа пресконференција, на која рече дека до него стигнале информации од вработените во министерството за труд и социјална полтитика дека мора да ја вратат директорката.

Според него, скандалозна е одлуката да се врати директорката бидејќи 80 вработени и повеќе од 100 родители се жалеле дека градинката не функционира како што треба.

-Оваа одлука е незаконита и политички мотивирана. Целокупнаа постапка за разрешување на директорката ја водеше управниот одбор – рече Стефковски, додавајќи дека независна ревизорска куќа утврдила неправилности.

Директорката за Телма пак изјавила дека се што купила било исклучиво за потребите на градинката и најави тужба за градоначалникот.

Поврзани новости