Трошоците на живот во мај повисоки за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто

by Fokus

Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6.2 %, млекото за 5.4 %, лебот и житата за 3.7 %, кафето, чајот, какаото за 3.1 %, сирењето и урдата за 2.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2.7 %, свежото и разладеното овошје за 2.6 %, месото за 2.5 %, рибата и морските плодови за 2.3 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.1 %, пивото за 1.0 %, жестоките пијалаци за 0.5 % и виното за 0.3 %.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19.0 %, услугите за сместување за 7.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7.4 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 7.0 %, течните горива за домаќинствата за 5.8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 5.7 %, туристичките аранжмани за 4.3 %, обувките за 3.3 %, поправките и изнајмувањето на обувките за 2.6 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 2.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.2 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, гасот за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 1.7 %. Забележан е пораст и мебелот и покуќнината за 1.6 %, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1.5 %, велосипедите за 1.2 %, другата облека и додатоците за облека, моторните возила за 1.1 %, текстилот за домаќинствата за 1.0 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.9 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8 %, терапевтските помагала и опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, медицинските услуги, медиумите за снимање, игрите , играчките и хобијата, услугите за рекреација и спорт, другите печатени материјали, рестораните, кафулињата и слично за 0.6 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.5 %, ткаенините за изработка на облека, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, домашните миленици и сродните производи за 0.4 %, облеката, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3 %, малите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, услугите за култура, другите лични предмети за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, има кај воздухопловниот патнички транспорт за 10.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4 % и електричните апарати за лична хигиена за 1.2 %.

Поврзани новости