Тројца напаѓачи на економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља добија мерки на претпазливост, а четвртиот кој пукал во него е сe уште непознат за истражните органи.
Тројцата скопјани кои вчера беа приведени на предлог на скопското обивнителство, Кривичниот суд доцна ноќеска им определи 4 мерки: забрана да му се приближуваат на оштетениот Ваљон Беља, забрана да го напуштаат градот, редовно да се јавуваат во суд и одземен пасош. За четвртиот кој го застрелал и се уште е недостапен ќе се одлучува откако ке биде иднетификуван и приведен.
Обвинителството отвори истрага и ги сомничи тројцата напаѓачи за кривично дело насилство за кое е предвидена казна затвор од 3 до 10 години. Според соопштението на обвинителството, на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, извршиле грубо насилство со кое предизвикале тешка телесна повреда кај едно оштетено лице, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.
Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда, стои во соопштението од ОЈО Скопје.