Четири лица се хоспитализирани по пожарот што изби утринава во затворот во Шуто Оризари. Како што дознава „Фокус“, пожарот избил во соба каде се сместени осуденици. Три од хоспитализираните се осуденици, а еден е надзорник од затворската полиција.
Тие се пожалиле на задушување, а повреди од типот на изгореници не пријавил никој.
Од затворот велат дека причините за пожарот ќе се знаат откако ќе заврши истрагата. Од таму додаваат дека се уште трае увидот на увидната екипа.
Во гаснење на пожарот учествуваа четири пожарникарни возила и десетина пожарникари. Кога екипата дошла на терен, дел од работата веќе била завршена, вели директорот, Ѓоко Котевски.
-Тоа се должи на брзата реакција на затворската полиција, која интервенирала со ПП апарати. Меѓу вработените во затворот има обучени работници за вакви инциденти – додава тој.