Тројца заразени од ХИВ/СИДА во јули

by fokus

Во текот на јули има пријавено три случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол, покажуваат податоците од Билтенот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје.

Едниот е на возраст од 20 до 24 години, вториот од 35 од 39 и третиот од 40 до 44 години. Според местото на живеење, трите лица се од Струга, Велес и Скопје и сите припаѓаат на групата бисексуалци. Пријавено е едно починато лице од ХИВ/СИДА од машки пол на возраст од 50-54 години од Скопје.

Согласно постоечката евиденција, како што покажуваат податоците, заклучно со 31 јули 2022 година кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Северна Македонија, за периодот 1987 – 2022 година изнесува 567, од кои 120 починале, а 443 живеат со ХИВ/СИДА.

Поврзани новости