Најмалку три лица загинаа утрово во нов руски воздушен напад врз Киев, соопштија украинските власти.
Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека се пријавени ракетни напади во најмалку пет региони ширум земјата и дека три лица загинале, а осум се повредени откако била погодена висока зграда во Киев, пренесува Ројтерс.
Во посебна изјава, Сергеј Попко, шеф на воената администрација на Киев, рече дека штетата е предизвикана од делови од соборена ракета и дека противвоздушната одбрана соборила повеќе од 20 проектили низ градот.
Осум лица се повредени и во областа Дњепропетровск, меѓу кои и две деца, соопштија локалните власти.
Според нивните изјави, уништени се повеќе објекти.
Гувернерот на регионот Днепропетровск, Сергеј Лисак, изјави дека противвоздушната одбрана уништила девет руски ракети и три беспилотни летала, но дека биле погодени станбени згради во главниот град на регионот Днипро и неодреден инфраструктурен објект.
„Ниту една воена цел“, напиша на Телеграм градоначалникот на Днепро, Борис Филатов.
Најмалку три руски проектили го нападнаа и Харков, вториот по големина град во Украина, при што еден погоди гасовод и предизвика пожар, рече градоначалникот Ихор Терехов.
Тој најави дека итната помош се на терен, но не соопшти детали за жртвите.
Има извештаи за експлозии во други градови, но нема извештаи за жртви или материјална штета.