Тројца загинати при пад на хеликоптер во Авганистан

by fokus

Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека при пад на хеликоптер загинале три лица, а петмина се повредени.

– Хеликоптер од типот Црн јастреб, од американско производство, се урна во кампусот на Универзитетот за одбрана по технички проблем за време на вежба, се наведува во соопштението на авганистанското Министерство за одбрана.

Американската армија пред една година, за време на повлекувањето од Авганистан, зад себе остави авионска опрема, оружје и возила во вредност од милијарди долари, од кои повеќето станаа неупотребливи.

Поврзани новости