Тројца загинати при пад на хеликоптер на Националната гарда во САД

by Fokus

Во падот на хеликоптер на американската Национална гарда, кој патролира долж границата меѓу САД и Мексико во петокот, загинаа двајца војници и агент на американската гранична патрола, а уште еден војник е повреден, соопшти денеска американската војска.

Хеликоптер УХ-72 Лакота се урна во близина на градот Рио Гранде, Тексас за време на операција за следење и откривање нелегални активности на границата, изјави мајорот на американската армија Рајан Вирзбицки, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека нема информации за временските услови во моментот на несреќата.

Причините за падот на хеликоптерот се истражуваат, јавува Танјуг.

Поврзани новости