Тројца загинаа во земјотрес со јачина од 7,6 степени во Папуа Нова Гвинеја

by Fokus

Најмалку три лица загинаа во силен земјотрес со јачина од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја.

Според локалните власти, земјотресот се случил утрово, има повредени, а оштетена е и инфраструктурата.

Три лица загинаа во лизгање на земјиште во градот Вау.

Директорот на Центарот за катастрофи во провинцијата Мороб, Чарли Масанж, изјави дека се уништени здравствени установи, домови и патишта и додаде дека може да биде потребно извесно време за да се процени штетата.

Тој истакна и дека на тој дел од островот нема многу граѓани и високи згради во близина на епицентарот и поради тоа е избегната катастрофа со оглед на тоа што земјотресот бил многу силен. јт/

2022-09-11 10:10:56, од Јасмина Тасевска

Поврзани новости