518
Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца вооружени косовски специјалци на територијата на централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС.
Наведено е дека за акцијата бил информиран претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Новости“ објави фотографии за кои тврдат дека се направени по апсењето на тројца припадници на косовската полиција. На фотографиите се гледаат уапсените како и автоматски пушки, опрема за надзор, радио врски, мапи…
Албанскиот сајт „Коха“ наведува дека настанот се случил во близина на административниот премин Јариње.