Тројца украински министри поднесоа оставки

by Fokus

Тројца украински министри поднесоа оставки, објави на Фејсбук претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук.

„До Врховната Рада на Украина беа поднесени писма со оставки од следниве функционери: Олександр Камишин, министер за стратешка индустрија на Украина; Денис Маљуска, министер за правда на Украина; Руслан Штрилец, министер за заштита на животната средина и природни ресурси на Украина. Виталиј Ковал, шеф на Фондот за државна сопственост на Украина, исто така испрати писмо со оставки“, напиша Стефанчук.

Тој најави дека за овие оставки ќе се расправа на претстојната пленарна седница. Причините за оставките не беа наведени, а само Камишин најави дека останува во одбраната, но на друга функција.

Поврзани новости