Сопственикот, директорот и управителот на сплавот „Фристајлер“ се уапсени поради инцидентот што се случи на новогодишната ноќ кога тој предмет потона во реката, јавува српски Блиц.
Тројката е осомничена дека на 31 декември 2022 година дозволила поголем број луѓе на сплавот од капацитетот на тој објект, кој делумно потонал поради тоа и ја загрозил безбедноста на голем број луѓе.
Сите гости биле брзо евакуирани од сплавот, а неколку луѓе биле полесно повредени. Многу гости останаа без своите работи, а она што беше спасено во понеделникот беше изложено пред сплавот за луѓето да го соберат.
По несреќата се огласи и МВР на Србија. Началникот на смената во Центарот за команда и операции на Министерството за внатрешни работи на Србија, полицискиот полковник Игор Васиќ изјави дека за време на новогодишната ноќ полицијата спречила посериозни последици од делумното потонување на сплавот „Фристајлер“ на брегот Сава, во Нов Белград.