57
Синоќа околу 21:15 часот во Белград две момчиња на возраст од 14 и 15 години биле избодени со нож, додека тинејџер (19) се здобил со повреди на главата.
Како што информира Телеграф.рс, најпрвин дошло до тепачка меѓу неколку лица при што биле употребени стапови и ножеви.
Најтешко повреден е 14-годишник. Тој се здобил со контузија на мозокот, расекотина на раката и шест убодни рани во пределот на глутеалната регија и две во грбот.
Итно бил пренесен во Ургентниот центар.
19-годишникот се здобил со повреди од удари со палка во пределот на главата. Засега не се познати повредите на 15-годишникот.