Во текот на вчерашниот ден, три лица од Скопје се лишени од слобода откако биле фатени со марихуана, информираат од МВР.
„Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21:30 часот на Средно Водно, на патот кон Нерези, го лишиле од слобода А.К.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во близина на Железничката станица го лишиле од слобода А.Ѓ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14 часот на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода А.Ц.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од Министерството.