565
Во текот на вчерашниот ден, три лица од Скопје пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници во главниот град.
„Вчера во 21:45 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Б.(50) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Вчера во 18:30 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(42) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилески-Бато“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Вчера во 20:00 часот во Полициската станица Аеродром, Г.К.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник“, велат од МВР.