447
Тројца рудари кои утрово беа затрупани во рудник за поташа (мешавина од калиумови соли) на северот на Шпанија се пронајдени мртви, соопштија пожарникарите.
Тројцата работеле во рудникот Кабанас де Сурија, на околу 80 километри од Барселона.
Каталонските пожарникари потврдија дека три лица се пронајдени мртви по уривањето на земјата во рудникот. Како што наведоа, уривањето се случило на длабочина од околу 900 метри.
Со рудникот стопанисува компанијата Иберпоташ, а е во сопственост на групацијата ICL од Тел Авив.
Од 2016 година, во Шпанија во просек годишно умираат по четворица рудари.
Премиерот на Каталонија, Пере Арагонес им изрази сочувство на семејствата на жртвите во, како што рече, „трагичната несреќа“.