Тројца пронајдени мртви во Австрија

by Fokus

Две жени и еден маж се пронајдени мртви со прострелни рани во изолирана куќа во шумите во провинцијата Штаерска, соопшти денес австриската полиција.

Човекот бил пријавен за исчезнат од неговиот работодавец откако не се појавил на работа, што предизвикало потрага доцна синоќа.

Полицијата добила пристап до заклучената куќа во областа Мурау, каде што околу 18 часот пронашла три тела со  прострелни рани.

Полицијата соопшти дека не може да се исклучи дека во смртта е вмешано уште едно лице.

Идентитетот и возраста на тројцата загинати не се соопштуваат, но двајца од загинатите биле пар кој живеел во куќата, а третата жртва е жена, пренесе Градијан

Непотврдени медиумски извештаи велат дека жртвите се учител, неговата поранешна девојка и германски турист.

 

Поврзани новости