На 21.03.2024 во 12.51 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај с.Групчин, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од с.Бојане, скопско, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(68) од с.Ларце, тетовско и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки управувано од У.Б.(35) од с.Лисец, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, С.Б.(35) од с.Лисец, а со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „мерцедес“, Ц.Ф.(49), констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.