369
Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистрален пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Владевци и Радичево.
Според информациите, сообраќајната несреќа се случила помеѓу влекач „волво“ со полуприколка, со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Н.(60) од Струмица и патничко возило „хонда“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(46) од село Воиславци, радовишко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од патничкото возило „хонда“, Д.И.(42) од с.Воиславци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.