Тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Виница: со автомобил излетале од патот

by Fokus

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово.

Според информациите, несреќата се случила вчера, кога автомобил удрил во банкина и се превртел од патот.

„На 11.02.2024 во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани“ соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Поврзани новости