Тројца повредени во сообраќајка во Скопје

by fokus

Рано утрово околу четири часот се случи сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и бул. „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

Повредени се двајца возачи и еден сопатник, кои се префрлени на скопските клиники.

Двете возила биле со скопски регистарски ознаки а возачите биле на возраст од 25 и 39 години.

Во несреќата сопатникот во едното возило поминал најтешко односно констатирани му се тешки телесни повреди.

Екипа од СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата.

Поврзани новости