Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес

by Fokus

Попладнево околу 16 часот се случила сообраќајна несреќа на едно возило на автопатот од Велес кон Гевгелија кај крстосницата Башино Село, над Велес.

Полициски екипи извршија увид, поради што сообраќајот на автопатот од наплатната станица Сопот кон Гевгелија беше пранасочен на регионалниот пат над Велес.

Во несреќата има тројца повредени – семејство од кое 43 годишната ќерка – возач има полесни повреди, а со потешки телесни повреди се здобиле нејзините татко кој бил совозач и мајката која седела назад.

Сите повредени се вон животна опасност.

Тие по укажаната прва помош веднаш со медицинско возило се препратени на понатамошно лекување во Ургентниот центар на велешката Општа болница.

Поврзани новости