Тројца повредени во сообраќајка кај кавадаречко Возарци

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 22 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – село Возарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(19) од село Дебриште, кавадаречко, и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.В. од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „пежо“ Л.В.(73) од Битола, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото „пежо“ и возачот на возилото „пасат“, констатирани во болницата во Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани новости