613
Едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со телесни повреди, во сообраќајка што се случи изутрина во 04.30 часот на автопатот Велес-Скопје, кај клучката Хиподром, поради која е во прекин и сообраќајот.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(65) од Скопје, се превртело на коловозот.
Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка и Н.И.(52) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Компекс клиники „Мајка Тереза“.