460
Тројца млади Албанци синоќа биле повредени за време на празнувањето на албанското знаме, информираат од МВР. Едниот случај бил во близина на средното училиште „Цветан Димов“ каде што имало и бодење со нож, додека другиот случај бил на плоштадот „Скендербег“.
Според информации од полицијата, на плоштадот „Скендербег“ синоќа бил повреден 20-годишник, кој се здобил со пет силни удари со остар предмет, додека во другиот случај потешко биле повредени 18-годишниот А.С. и осум години постариот Б.С., кои биле прободени со нож.
Тројцата повредени се хоспитализирани во Градската болница во Скопје