Тројца полицајци убиени пред француската амбасада во Танзанија

by fokus

Напаѓач вооружен со автоматска пушка уби тројца полицајци и член на приватно обезбедување пред зградата на француската амбасада во главниот град на Танзанија, Дар ес Салам, пред да биде убиен, соопшти денеска полицијата.

Нападот и жртвите ги потврди главниот полициски инспектор Симон Сиро во краткото видео објавено на информативниот портал Милард Ајо во Танзанија.

Полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот.

Уште шест лица се повредени во нападот, а мотивите за него не се познати.

Претседателот на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, испрати сочувство до семејствата на жртвите и рече дека е шокирана од убиството на полицајците и чуварот.

Поврзани новости