Тројца починати од Ковид-19 во велешката болница

by fokus

Продолжува црниот биланс на починати во Општата болница во Велес. Вчера попладне починале двајца мажи, еден на 89 години од Велес и еден од Свети Николе на 68 години. Утрово во болницата почина маж од Велес на 51-годишна возраст, кој е 45-та жртва на КОВИД-19 во Велес и Велешко од почетокот на епидемијата во земјава.

Како што информираше портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, во велешката Општа болница хоспитализирани се 79 пациенти, од кои 67 потврдени, седум сомнителни и пет негативни на вирусот.

На кислородна поддршка се 34 пациенти, што е најмногу досега. Инфективното и Интерното одделение – Б крак се целосно пополнети, а на Одделението за физикална медицина каде има 25 легла, хоспитализирани се 10 пациенти. МИА

Поврзани новости