441
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 72-ца заразени со корона вирусот, но и тројца пациенти кои ја изгубиле битката со Ковид-19.
-Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г). Сите се починати во болница, информираат од Министерството за здравство.
Вкупниот број на починати се искачи на 634.
-Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2.