Тројца починати од корона изминатово деноноќие, 414 хоспитализирани

by fokus

Во последните 24 часа тројца пациенти заразени со Ковид-19 починале во болниците, еден пациент од Охрид на возраст од 73 години, еден пациент од Гостивар на возраст од 62 години и еден пациент од Радовиш на возраст од 72 години, соопшти Министерството за здравтсво.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-12, Дебар-2, Штип-3, Прилеп-16, Тетово-6, Струга-3, Велес-4, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1.

На инфективните одделенија во болниците низ земјава се хоспитализирани вкупно 414 пациенти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се две деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости