Тројца починати и 180 повредени во авионската несреќа на аеродромот во Истанбул

by Fokus

Три лица починаа по несреќата на аеродромот „Сабиха Ѓокче“ во Истанбул што се случи вчера. Турските медиуми јавија дека 180 луѓе се повредени.

Авионот на „Пегасус ерлајнс“ полетал од Измир, а несреќата се случила при слетување на аеродромот во Истанбул. Авионот се излизгал од пистата и се преполовил.

Според првичните информации, во несреќата немаше жртви, но тројца повредени им подлегнале на повредите во болница.

Во авионот имало 177 патници и шест членови на екипажот.

Обвинителството во Анкара отвори истрага за несреќата. Аеродромот „Сабиха Ѓокче“ е затворен за сообраќај, а летовите се пренасочени кон новиот аеродром во Истанбул.

Поврзани новости