Тројца пациенти ја изгубија битката со Ковид-19

by fokus

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа регистрирани се нови 164 заразени со Ковид-19, но и три смртни случаи, како последица на вирусот.

-Пријавени се три починати лица, две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови, информираат од министерството.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Поврзани новости