541
Во Мексико во последните седум дена убиени се тројца новинари. Еден новинар е убиен ноќта помеѓу четвртокот и петокот, само 24 часа откако со пиштол е убиен уредник на еден информативен сајт.
Телото на третиот новинар е пронајдено на почетокот на неделата во напуштен автомобил во мексиканската држава Морелос.
Од почетокот на годината во Мексико убиени се девет новинари.
Мексико е една од најопасните држави за новинарите. Повеќе од 100 новинари се убиени од 2000 година поради нивните истражувања за трговија со наркотици и корупција. Поголемиот број од тие случаи помина неказнето.