МВР информира дека вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Јане Сандански“ и ул.„Владимир Комаров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(54) од Прилеп и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(58) од Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Неколку часа подоцна, во 17.23 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на патот Пробиштип – с. Стрмош, на место викано „Киселички мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(33) од с .Стрмош и мопед „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.З.(62) од Пробиштип.
Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Вечерта, во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Методија Шаторов-Шарло“ со ул. „Пандил Шишков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од Ј.О.(19) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“, управуван од О.С.(43) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.