395
Тројца млади Руси беа осудени во Санкт Петербург од 10 до 15 дена затвор поради учество во вчерашните протести против претседателот Владимир Путин на неговиот роденден.
Андреј Граф е осуден на 15 дена затвор, а Иван Рубцов и Влад Иванчо на 10 дена затвор за кршење на правилата за организирање на јавни собири.
На 7 октомври, кога Путин го прослави 66-тиот роденден, мала група активисти, меѓу кои беа тројцата осудени, поминаа низ центарот на родниот град на претседателот со табла со натпис: „Ви посакуваме долги години затвор!”
Друга група постави табла на мост во градот, на која пишуваше „Санкт Петербург против Путин”.
Во текот на вчерашниот ден полицијата уапси и други активисти, кои учествуваа во протестните акции, но повеќето беа ослободени.