453
Турските медиуми јавуваат дека три чуда се случиле во 198. часa, односно деветтиот ден по земјотресот.
Тројца млади момчиња поминале девет дена под урнатините и биле извлечени живи. Станува збор за 17-годишниот Мухамед Енес и неговиот постар брат, кои беа спасени во градот Кахраманмараш и 18-годишниот Мухамед Чафер Четин, кој беше спасен во градот Адијаман.
Сите се пренесени во болница и засега нема нови информации за нивната состојба.
Поради последиците од разорните земјотреси што пред една недела ја погодија турско-сириската граница, 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата во југоисточниот дел на Турција, соопшти во понеделникот кабинетот на турскиот претседател.