Тројца македонски државјани и еден млад италијанец загинале во сообраќајна несреќа што се случила во неделата на католички Велигден во Ница, јави италијанскиот медиум „Ла Воче ди Асти“.
Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.
„Во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Република Северна Македонија. Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко“ – велат од МНР.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.
Извори од полицијата во Асти за медимиуот изјавиле дека засега немаат детела за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.