306
Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, од македонското Минитертво за надворешни работи информираа дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос.
Од МНР потенцираа дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.
Упатија апел да се избегнува туристичко или какво било друго патување во загрозените подрачја.
За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.