103
Тројца крадци биле приведени синоќа по тешка кражба што ја извршиле во Кисела Вода и избегале.
-Вечерва (06.01.2024) во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека денеска околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело “тешка кражба”, по што се дале во бегство. Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници, соопшти МВР.
По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.