Тројца ќе седнат на обвинителна клупа зашто саделе марихуана во Моране и чувале во подрум во Аеродром

by Фокус

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против две лица кои неовластено произведувале марихуана во викенд-куќа во селото Моране и чувале во подрум на зграда во Аеродром. Притоа, за едно од лицата е одреден притвор, а за другото мерки за претпазливост. За истото дело се товари и трето лице кое е во бегство и за него е распишана потерница.

„Обвинетите и лицето кое е бегство, по претходен договор, неовластено произведувале наркотична дрога – марихуана во викенд куќа лоцирана во местото Св.Петка, село Моране. Трите лица, кои биле во блиско крвно сродство, таму инсталирале систем – лабораторија за внатрешно производство на наркотична дрога – марихуана каде во 202 саксии засадиле и одгледале 246 стебла од растението канабис, од кои 67 растенија со старост од 14 дена, 170 растенија со вегетација од околу 21 ден, 4 растенија со старост од 28 дена и 5 растенија со 7 дена старост соопштија од обвинителството.

Од таму додаваат дека обвинетите неовластено заради продажба држеле вкупна количина од 6.346,41 грама наркотична дрога марихуана со исушени врвни делови кои потекнуваат од растението канабис и тоа во домот каде што живеат и во подрум во станбената зграда во скопската општина Аеродром.

Поврзани новости