Тројца кандидати за наследник на Зеќири-фаворит е Методија Димовски

Во најтесна конкуренција за наследник на Зеќири биле неколку лица, меѓу кои Викторија Аврамовска-Мадиќ, Магдалена Филиповска-Грашковска и Методија Димовски, дознава Фокус.

by fokus

Денеска Владата ќе избира нов генерален секретар, откако Мухамед Зеќири се повлече од функцијата по отворената истрага дека незаконски склучил договор без тендер за изработка на физибилити-студија за „Македонска пошта“.

Како што неофицијално дознава „Фокус“, во најтесна конкуренција за негов наследник биле неколку лица, меѓу кои Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешна секретарка во Град Скопје, Магдалена Филиповска-Грашковска претседателката на Инспекцискиот совет, и Методија Димовски, член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето.

Според нашите извори, најсеризен кандидат за да го замени Зеќири е Методија Димовски, член на Инспекцискиот совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, кој работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација, во меѓународни организации и како независен консултант.

Инаку, Зеќири од петокот вечерта е во притвор, а беше наследник на Драги Рашковски, кој пак беше генерален секретат на Владата во времето на поранешниот премиер, Зоран Заев. Сега, против Рашковски се води судски процес за нелегална набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци.

В.С.

Поврзани новости